fbpx

Ford патентира подвижни ленти за во SUV

Во 1990тите години, кога Saab беше сеуште функционален производител на автомобили, имале идеја за тогашниот 9-5 Wagon подот на багажникот да му е заменет со подвижни ленти како што би сретнале на тогашните авиони ленти за товарење на багаж. Сега после неколку децении, Ford ја патентира оваа идеја за во нивните SUV изданија.

Идејата на Ford е да се имплементираат овие ленти во седмосед SUV модели што би олеснило во товарење или истоварење. Зошто да се истегнуваме за да го дофатиме багажот кога би можеле само со клик на едно копче да го донесеме бажагот во дофат.

Секако производителите на автомобили постојано се во потрага по вакви привлечни технологии или идеи, но не секогаш стигаат како финален продукт. Сепак, може да се надеваме дека ќе ги сретнеме овие движечки ленти во идните модели на Ford.

Поврзани вести

Back to top button