fbpx

Ford го намали профитот на база на успехот

Профитот на корпорацијата Ford за 2017 година е помал од предвиденото и тоа се должи на големите инвестиции во технологијата на иднината - електрични автомобили и автомобили со автономна контрола

Ова е потврдено со финансиски извештај на производителот од Мичиген за минатата година. Според извршниот директор, Џејмс Хакет, во подготвувањето на новата стратегија на Ford, во 2017 година е постигнат колосален успех. Стратегијата се вика „Паметен транспорт – паметна средина”, а со инвестициите во истата ќе се продолжи и во текот на 2018 година. Идејата е реорганизација на операциите и постигнување на високи резултати за иднината.

Ford

Инаку, Ford евидентира нето профит од 7,3 милијарди долари за 2017 година и ова е 23% помалку од 2016 година, а главните причини за ова се секако и зголемените цени на суровините, како и девизниот курс на доларот. Компанијата очекува овој тренд да се одржи оваа година. Генерално, приходите на Ford се зголемиле за 3% на 145,7 милијарди долари.

Ford

Главната заработка се должи на северноамериканскиот бизнис на компанијата.

Севкупно, Ford е задоволен од резултатите и исплатил премија од 7.500 на 54.000 вработени. Договорот беше порано постигнат со претставници на Унијата на професионални производители на автомобили. Корпорацијата претрпе загуби од своите операции во Јужна Америка, Африка и Блискиот Исток, каде што продажбата значително се намали.

Ситуацијата е подобра во Европа и регионот Азија-Пацифик, каде сепак има минимален пад во резултатите. Сепак, ова е надоместено од кредитната програма Ford Credit, чија добивка изнесува 2,3 милијарди долари (431 милиони повеќе од 2016 година). Ford се подготвува за поголема експанзија во светот на електрични возила, па затоа американскиот автомобилски гигант ќе ја зголеми инвестицијата на ова поле, каде планира да потроши 11 милијарди долари до 2022 година…

Поврзани вести

Back to top button