fbpx

3D плетените седишта на Ford можат да ви го полнат телефонот

Ford воведува нов начин на производство за подобар тапацир на седиштата во автомобилите со помош на 3D плетење

Оваа производна техника обично се користи при производство на патики за трчање, облека или мебел, а сега наоѓа примена и во автомобилската индустрија. Ford сака да им овозможи на клиентите да можат сами да ги дизајнираат седиштата, дозволувајќи им да додадат разни елементи, детали, како и да одберат материјал.

3D плетењето исто така им овозможува да користат текстил способен за вградување на разни видови поврзаност на седиштата на автомобилите, вклучувајќи контроли за врати и прозорци, интегрирано греење и сензори за следење на здравјето на возачот, како и безжично полнење на телефони.

„3Д плетењето нуди многу привлечни можности што ги придвижуваат границите на дизајнот и ги прават патувањата поудобни и поволни за возачот и патниците“, рече Анаис Кастинел, дизајнер на ентериер на Ford.

Процесот на 3D плетење исто така ги намалува чекорите на производство и создава помалку отпад бидејќи ја отстранува потребата да се сечат и шијат заедно различни ткаенини и парчиња. Создава навлаки без шиење и може да користи различни материјали, како што се волна, свила, јаглеродни влакна, па дури и рециклирани материјали. Покрај тоа, оваа технологија резултира со поголема прецизност и квалитет од традиционалното шиење, намалувајќи бројни несовршености.

Поврзани вести

Back to top button