Ford со први детали за новите Transit Connect и Transit Courier
Ford ги понуди првите детали за новите Transit Connect и Transit Courier, кои се дел од производната офанзива на брендот, со која целото портфолио на комерцијални возила на компанијата ќе биде реновирано во следните 18 месеци
Од Ford коментираат дека Transit Connect и Transit Courier се важен дел од новото четиричлено семејство Transit, што ќе и овозможи на марката да стане лидер на пазарот на комерцијалните автомобили во Европа, со повеќе од 276.000 продажби (+ 8%) од почетокот на година.
Новите Transit Connect и Transit Courier, кои ќе бидат достапни за нарачка од пролетта следната година, доаѓаат со нов дизајн, ветуваат уште поефикасни погонски агрегати и нови модерни асист- системи.
Новиот Ford Transit Connect ќе се нуди со целосно нов 1.5 литарски EcoBlue дизел мотор, а претендентите на бензински агрегат ќе можат да изберат нова верзија на 1.0 трицилиндерскиот EcoBoost кој е опремен со систем за деактивирање на еден од цилиндрите за подобрување на горивната економија. Дизел верзијата ќе биде достапна во комбинација со новиот автоматски менувач со осум брзини.
Новиот Transit Connect, ќе продолжи да се нуди во две должини, со товарна зафатнина до 3,6 кубни метри и капацитет од 520 до 890 килограми, а ќе може да биде опремен со интелигентен ограничувач на брзината, системите Pre- Collision Assist со препознавање на пешаци, активен паркинг асист и друго.
Новиот Ford Transit Courier, кој е најмалиот предлог во семејството Transit, ќе дебитира со on- board инфо-комуникациски систем SYNC 3, со поголем 6-инчен екран чувствителен на допир, 1.5-литарски TDCi дизел и 1,0 EcoBoost бензински мотор, стандарден нов шестстепен мануелен менувач и многу нови системи. Специјално од Ford нудат стандардно за дизел Transit Courier нов пакет, во кој е вклучен и системот Active Grille Shutter за скратување на времето за загревање на моторот и подобрување на аеродинамиката.