fbpx

Ботас со победа на крајот на сезоната на F1

Со завршувањето Гран при на Абу Даби спуштена е завеста на годинашново првенство во Formula 1

Во 20-от старт во 2017 година, Mercedes оствари двојна победа, Ботас триумфираше пред новиот шампион Хамилтон, а Фетел на Ferrari беше третиот на подиумот.

Ботас беше најбрз во квалификациите и стартуваше од првата линија, пред Хамилтон, како и Фетел и Рикардо од вториот ред. Тој успеа да го зачува првото место по стартот, а потоа беше на чело до крајот на трката, а по единствените влегувања во боксот, за него и Хамилтон, Финецот успеа да се врати на патеката на речиси 2 секунди пред новиот светски шампион и на крајот да ја оствари својата трета победа во кариерата во F1. Фетел и Раиконен се понадеваа дека во едно темпо кои би го наметнале тие, ќе успеат да се борат со пилотите на Mercedes, но тоа не се случи и двајцата останаа како трето и четвртопласирани. Иако беше под притисок, Финецот немаше проблеми да се справи со Макс Верстапен кој остана петти. Другиот пилот на Red Bull Дениел Рикардо отпадна поради дефект во хидрауличниот систем на неговиот автомобил. Како шести заврши Нико Хулкенберг со Renault, а бодовите за Германецот се покажаа доволни за да обезбеди и шестото место во крајниот пласман на фабричкиот тим на автомобилскиот гигант.

Завршена е уште една сезона, а шампион е Луис Хамилтон (363 бодови). Ова е четврта титула на Британецот во кариерата со што се израмни со Себастијан Фетел. Германецот заврши како втор со 317, пред Ботас (305), додека четврти во генералниот пласман е Кими Раиконен (205). Во генералниот пласман кај конструкторите, Mercedes славеше пред Ferrari.

ГН на Абу Даби беше последниот старт за Фелипе Маса, кој ја напушта F1 по 269 старта во кариерата, 11 победи и 74.000 тркачки километри, од 2002 до крајот на 2017.

Поврзани вести

Back to top button