НАСЛОВНАСПОРТ

Во лудницата во Баку триумфираше Хамилтон

Победата во трката за Гран При на Азербејџан отиде кај пилотот, кој можеби најмалку ја заслужи

Тоа е возачот на Mercedes, актуелниот шампион Луис Хамилтон, кој дури призна на подиумот по трката дека клупскиот колега Валтери Ботас и дури големиот конкурент и лидер во шампионатот, Себастијан Фетел, би биле достојните победници во Баку.

Имено, Луис остана концентриран до финишот и ја искористи на најдобар начин понудената прилика, по малерот на тимскиот колега, Валтери Ботас, на два круга пред целта, како и грешката малку пред тоа на Фетел при атакот токму на Волтери.

Сето ова се случуваше по второто излегување на возилото за безбедност, кое се најде на патеката поради огромната глупост која ја создаде Макс Верстапен, кој го блокираше тимскиот колега, Даниел Рикардо, да го мине на десет круга пред крајот, а по ова на исклучително аматерски начин Роман Грожан удри во заштитните ѕидови при загревање на гумите.

Инаку во целост имавме една мошне контроверзна трка, каде имаше од се по нешто за да на крајот имаме една вистинска лудница, драма во која главниот лик, Ботас, не успеа да ја одигра до крај.

Хамилтон

А, се започна во знакот на Фетел, кој го задржа лидерството со многу силен старт, со кој не му овозможи на Хамилтон дури да си помисли за напад на првиот свиок по стартно-целната рамнина.

Значи Британецот остана втор, но зад двајцата лидери беше жешко, само по неколку извозени стотици метри започнаа ударите меѓу болидите. Имаше неколку допири, кои доведоа до летечки карбонски елементи од болидите и логично автомобилот на безбедност излезе на патеката. Големите губитници беа Раиконен и ѕвездата на McLaren Алонсо, кои мораа да поминат низ боксот за промена на предни крила, носеви и гуми.

Естебан Окон од Force India тврдеше дека Кими го удрил, а Финецот очекувано одговори дека Окон му е ja „затворил вратата” во свиокот. Сироткин пак стана невина жртва во инцидентот со Алонсо, откако прво беше удрен од друг болид кој го испрати на патот кон Шпанецот. Потоа автомобилот за безбедноста се прибра, а возачот на колоната и лидер во шампионатот, Фетел, го фати неподготвен Хамилтон и се здоби со солидна предност. Луис се заштити од Ботас, а зад лидерите се одржа битка за позиција меѓу возачите на RedBull.

Макс Верстатин нападна и успеа да го мине Даниел Рикардо. Австралискиот возач ја загуби својата позиција дури и од Карлос Саинц. Шпанецот покажува неочекувано добро темпо и во 7-от круг го притисна и Макс. Младиот Холанѓанец направи грешка и одеше по асфалтната зона за безбедност. Верстатин беше принуден да го пушти Саинц пред него, но тој не чекаше многу да го нападне повторно и да ја врати својата позиција.

Хамилтон

Во 24-от круг Хамилтон одлучи да проба со алтернативна стратегија и Британецот влезе пред Себастијан во боксот за промена на комплет гуми. Германецот продолжил да ја следи неговата првична стратегија и не го следеше неговиот ривал. Во 27-от круг, битката кај RedBull повторно се разгоре. Рикардо ги нападна Верстапен и го помина, но Макс набрзо по ова ја врати својата позиција.

Овој пат, двата напада поминаа без контакт помеѓу двата соиграчи. Во 30-от круг, Фетел влезе во бокс за промена на гумите. Четирикратниот светски шампион мирно се врати на патеката пред својот голем ривал за годинашната титула, Хамилтон. Германецот ја извршува својата работа на најдобар начин и неговата стратегија работеше. Не само што не му дозволи на Луис да го мине низ бокс, дури и го зголеми водството од четири до осум секунди. Во 38-от круг по втор пат во Даниел Рикардо влезе за промена на гумите.

Верстапен го стори истото веднаш по него, но Холанѓанецот наиде на подобра поставеност на патеката и се врати на патеката пред неговиот соиграч. И двајцата успеаја да го задржат четвртата и петтата позиција пред шестиот Кими Раиконен, кој продолжи да вози добро по останувањето во дното на колоната по инцидентот уште во првиот круг.

Хамилтон

Во 40-от круг се случи најглупавиот инцидент во Баку.

Рикардо со поголема брзина го нападна Макс, кој го промени правецот двапати во последен момент, што е строго забрането со Правилникот. Даниел неможеше ништо да направи и удри во Верстапен со голема брзина, па и двајцата беа во аут од трката. Инцидентот доведе до второ излегување на возилото за безбедност. Монструозна глупост направи по ова и Роман Грожан од HAАS, кој шест круга пред крајот, движејки се зад автомобилот на безбедноста, удри во заштитната ограда.

Хамилтон

Во 48-от круг, безбедносното возило конечно се врати и трката беше рестартирана. Ботас ја поведе колоната, следен од Фетел, кој малку подоцна проба напад од надворешната страна на кривината пред долгиот правец. Пилотот на Ferrari не успеа да сопре на врема, ја блокира предната десна гума и загуби две позиции од Хамилтон и Раиконен.

Поради блокирање на гумата, во болидот на Себастијан се појавија силни вибрации и Германецот загуби уште една позиција од Серхио Перез. По ова следеше малерот за лидерот Ботас, кој му пукна гума при поминување низ остатоци на патеката и отпадна од трката два круга пред да ја освои својата прва победа оваа година. По лошата среќа за Волтери и грешката на Фетел до првото место стигна Луис Хамилтон.

Многу голема среќа за Британецот, кој за време на автомобилот на безбедноста на патеката го замоли преку радиото Чарли Вајтинг од ФИА да ја прекине трката поради опасноста од движење на болидите покрај местото каде се удри Грожан, бидејки има остатоци од неговиот болид. Втор на подиумот се искачи Раиконен, а трет беше Перез, кој го оствари истиот резултат по две години, на исто место.

По оваа трка Хамилтон го презеде водството во генералниот пласман со 70 поени, пред Фетел со 66 и Раиконен со 48 поени. Кај конструкторите прв е Ferrari со 114, пред Mercedes со 110 и RedBull со 55 бодови.

Хамилтон

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close