fbpx

Славје за Рикардо во Кина

Возачот на RedBull, Даниел Рикардо, ја искористи на најдобар можен начин стратегијата со промена на гумите на својот тим, па ги надмудри фаворитите и ја освои Големата награда на Кина, на патеката во Шангај

Ова е прва победа на RedBull во Кина по 2010 година, а прва за Рикардо сезонава.

Конечно возбудувања какви што посакуваме во најсовршеното автомобилско натпреварување на светот, во Formula 1. Претекнувања, инциденти, но на граница на висока безбедност, за што секако следеа санкции, неизвесност во пламанот, од круг во круг…, едноставно имаше се на ова издание на ГН на Кина, во Шангај.

На крајот на највисоката точка од подиумот возач на RedBull, симпатичниот Рикардо, кој и овој пат ја прослави победата пиејеќи традиционално шампањско од својата патика, а на второ и трето место финските возачи, Валтери Ботас и Кими Раиконен, кои беа многу близу да ја остварат 50-тата победа за својата земја во ова натпреварување.

Мора да се каже дека триумфот во Шангај, покрај одличното возење на Рикардо, се должи и на добрата стратегија со менување на гуми, бидејки и двата возача на RedBull во моментите кога на патеката беше безбедносното возило по сударот на двата болида на Toro Rosso, влегоа во боксовите на замена на пневматиците што не го сторија од Ferrari и Mercedes, па тоа придонесе за доминација на патеката.

На крајот актуелниот светски шампион Луис Хамилтон го освои четвртото место, а петти беше Макс Верстапен од RedBull, кој иако трката ја заврши пред Хамилтон, поради казна од 10 секунди добиена по контактот со Себастијан Фетел, мораше да се задоволи со петтото место во крајниот поредок. Шестото место му припадна на Нико Хулкенберг од Renault, пред Фернандо Алонсо од McLaren и Фетел на осмото место, иако стартуваше од првата позиција. Бодови освоија и Карлос Саинц од Renault и Кенин Магнусен од Haas.

Рикардо

Поврзани вести

Back to top button