fbpx

Французи развија преносливо воздушно перниче

Француската компанија Helite, специјализирана за производство на заштитна опрема за моторциклисти и скијачи, го претстави на CES 2018 во Лас Вегас, првото во светот преносливо воздушно перниче

Технологијата е создадена да ги заштити колковите при пад од мала височина и може да амортизира до 90% од енергијата на ударот. Hip’Áir е појас од материја со вградени воздушни перничиња, акселометри, жироскопи, гас генератор и на крај пластични спојки, кои се во својство на активатори за целиот систем.

Според производителот, Hip’Air може да го открие падот во рок од 200 милисекунди. Уште 80 ќе треба за да ги отворат перниците. Во исто време, просечното време на пад е околу 400 милисекунди. Цената на воздушното перниче е 790 долари. Секој дополнителен генератор на гас чини 50 американски долари. Продажбата во Европа започнува во март оваа година.

Поврзани вести

Back to top button