fbpx

Франкфурт 2019: Mercedes-Benz изненади со луксузниот седан Vision EQS

Најважната премиера на Mercedes-Benz на саемот за автомобили во Франкфурт е концептниот автомобил Vision EQS

Со тоа, германската компанија покажува како изгледа иднината на предводникот S-Class, што па ние веруваме дека и не е толку далеку. Луксузниот седан Vision EQS го напојуваат два електрични мотори – по еден на секоја оска и батерија вградена во подот на автомобилот. Вкупната моќност на погонот е 476 КС, а компанијата ветува пат од 700 километри со едно полнење. Најдобро од се е тоа што потребни се само 20 минути за да наполни 80% од батеријата.

Vision EQS

Уште поимпресивен е дизајнот на Vision EQS. Линијата за осветлување започнува од решетката и фаровите, достигнувајќи ги светлата, со што визуелно се дели каросеријата на автомобилот на два дела, горниот е црн и како да лебди над сребреното дно.

Црната решетка има 940 индивидуални LED диоди на 188 плочи, а фаровите се тродимензионални. На задниот дел од автомобилот се интегрирани мали ѕведички (слично на логото на Mercedes-Benz), а вкупно се 229 за да ја комплетираат светлосната група.

Внатрешноста не одговара на моделот од производство, но барем има волан и педали. Mercedes-Benz потенцира дека идејата е возачот да биде вклучен во управувањето, така што сите помошни системи се на трето ниво на автономија.

Поврзани вести

Back to top button