Geely ја претстави новата дизајнерска насока со Vision Starbust

Кинескиот производител Geely, преку својот Design Shanghai оддел, го прикажа новиот концепт Vision Starbust кој го најавува новиот дизајнерски правец на компанијата

За оние кои не знаат, Geely е еден од технолошки најнапредните производители кои пристигнуваат од Кина. Станува збор за компанија која е сопственик на брендови како Volvo, Polestar и Lotus, а има и длабоки врски со Daimler на неколку проекти. Сега, Geely е подготвен да го прикаже новото поглавје во својата историја, благодарение на новиот концепт Vision Starbust.

Vision Starbust

Сo Vision Starbust, Geely ја презентира својата нова дизајнерска насока која произлегува од Expanding Cosmos дизајнерската филозофија на компанијата и ќе се користи како пример за сите идни модели. Севкупната инспирација за дизајнерската студија пристигнува од „ѕвездениот феномен кога брилијантните небули и фантастичните елементи се спојуваат, фузираат и на крајот експлодираат создавајќи нови ѕвезди“, објаснуваат од Geely.

Станува збор за радикално отстапување од актуелните модели на компанијата и концептот има навистина храбар дизајн на решетката со параболична шема, а околу неа се наоѓаат аголните отвори за воздух и вертикалните LED дневни светла. Дизајнерите на моделот му дадоа еден интересен изглед, а за тоа се задолжени и осветлените сводови над тркалата. Од Geely не откриваат многу детали, но истакнуваат дека автомобилот може да прикажува повеќе бои додека при полнење, паркирање или движење. На задниот дел се наоѓа аголнито дизајн со задни светла во форма на бумеранг кои се споени со осветлена лента, а на долниот дел се наоѓа карактеристичен дифузер.

Vision Starbust

Ентериерот е во футуристички стил со „Cosmic Ray“ светла кои се претопуваат во дигиталниот инструмент кластер. Концептот исто така има и двокрак управувач и инфозабавен систем во форма на таблет. Четирите седишта се одвоени преку лебдечка централна конзола, на која се наоѓа геометрискиот менувач со четири различни линии кои светат за да ја прикажат селектираната позиција.

Vision Starbust

Vision Starbust за жал ќе остане само концепт, но произвводителот истакна дека голем број аспекти од новиот дизајнерски јазик ќе бидат аплицирани на идните Geely модели.

Поврзани вести

Back to top button