fbpx

Geely лансира премиум ЕВ бренд како конкурент на Tesla

Кинескиот автомобилски гигант Geely има намера да лансира уште еден нов бренд кој ќе произведува луксузни електрични автомобили

Geely се подготвува за лансирање на нов ЕВ бренд кој ќе биде одговор на Tesla кој забележува забрзан раст на продажбата во Кина. Кинескиот производител кој ги поседува Volvo, Lynk&Co и Polestar, меѓу другите, сака со новата марка да започне со нов брендинг и продажна стратегија, открива Reuters повикувајќи се на свои неименувани извори.

Брендот ќе го понесе името Zeekr, а за неговото работење ќе биде задолжен Lingling Technologies, уште една компанија во сопственост на Geely. Reuters минатиот месец изјави дека оваа компанија ќе биде задолжена за истражување и имплементирање на унапредувања на електричната платформа на Geely и развивање на ЕВ стратегија за сите брендови на кинескиот гигант.

Zeekr ќе биде одговорот на Geely за подемот на Tesla, кој во Кина бележи огромен раст во последно време. Geely преку новиот бренд сака да произведува доволно луксузни возила кои ќе можат да конкурираат и на етаблирани брендови како што е Mercedes. Со цел да успее во тоа, ќе користи салони во големите градски центри, елиминирајќи го традиционалниот модел со дилери. Со други зборови, сака да ја преземе продажната тактика која први ја воведоа во Tesla.

Брендот ќе ја користи Sustainable Experience Architecture платформата на Geely. Од кинеската компанија за својата архитектура сметаат дека ќе биде доволно разновидна и ефикасна. Оваа платформа може да поддржи батерија до 110 kW, а кога станува збор за автономија на движење, со истата можат да се поминат 700 километри со едно полнење и може да напојува електромотори кои ќе испорачуваат до 650 КС. Исто така, таа е дизајнирана да може да издржи полнење до 120 километри за само пет минути и да има оперативен живот до 2 милиони километри.

Поврзани вести

Back to top button