fbpx

Genesis ја претстави луксузната лимузина G80

Корејскиот производител на луксузни возила го претстави својот најнов автомобил, моделот G80 кој во својот дизајн потсетува на GV80

GV80 го стартуваше новиот дизајнерски стил на компанијата кој дебитираше во јануари. Сега, истиот тој стајлинг пристигна и во новиот седан на Genesis. G80 го забележа своето деби во дигитална форма од седиштето на компанијата во Јужна Кореа, прикажувајќи го целосно новиот изглед. G80 како и SUV моделот GV80 има четири предни светла, што е карактеристика на новиот дизајнерски јазик, а тука е и масивната предна решетка во облик на штит. Единствена работа по која се разликуваат Genesis G80 и GV80 е долната решетка која се шири низ должината на предната маска со хоризонтални летвички во аглите.

Сличностите меѓу двата модели се очигледни и во внатрешноста, но Genesis G80 има и нешто свое. Новата лимузина доби масивен 14,5-инчен централен инфозабавен екран кој се управува со инфозабавен контролер, додека пред возачот се наоѓа 12,3-инчен 3D дигитален кластер и head-up екран. Системот поддржува Apple CarPlay и Android Auto системи. Разликата е во тоа што лимузината има класичен управувач со четири краци во однос на оној со три краци кој го има во SUV моделот, меѓутоа, речиси истите материјали се користени во изработката на внатрешноста, вклучително дрво, кожа, алуминиум и слично. Тркалата на оваа верзија на G80 исто така се слични на оние кои ги има GV80, односно со 20-инчни тркала со пет краци и сребрен финиш.

Genesis G80

Автомобилот доби и нова безбедносна технологија вклучително и систем за автоматско кочење во итни случаи, систем за предупредување на возило во слепиот агол, систем за автоматска промена на лентите на движење со допир на рачката за покажување на насока, адаптивен темпомат со интерфејс кој може да „учи“ и да му помага на возачот учејќи ги неговите карактеристики на возење.

Genesis G80

На светските пазари ќе пристигне во втората половина од годинава

Кога станува збор за погонот, претходниот 3,3 и 3,8-литарски V6 мотори повеќе ги нема, како ни најмоќниот 5,0-литарски V8 мотор. Во понудата ќе се најде 2,5-литарскиот реден четирицилиндарски мотор со турбополнач кој развива 300 КС и 421 Nm максимален вртежен момент. Исто така, најавен е и 3,5-литарски V6 мотор кој испорачува 375 КС и 530 Nm вртежен момент. За љубителите на дизелот е подготвен 2,2-литарски турбодизелски мотор кој нуди 207 КС. Моќта се пренесува на задните тркала.

Новата лимузина е полесна од претходната за 110 килограми бидејќи 19 проценти од нејзината конструкција е направена од алуминиум. Genesis G80 е веќе достапен во Јужна Кореа, а на останатите пазари ќе се најде во втората половина од годинава.

Поврзани вести

Back to top button