fbpx

Женева 2019: BMW се потпира на електрификација

BMW ги објави првите детали за учество на овогодинешниот меѓународен саем во Женева на почетокот на следниот месец и по се изгледа дека брендот ќе се обложи сериозно на уште еден чекор во иницијативата за електрификација на своето портфолио

Светска премиера на салонот во Женева ќе имаат новите BMW 330e, BMW X5 xDrive45e и plug-in верзијата на BMW 7 Series, како и уникатното M850i Night Sky. Според информациите од компанијата, новиот 330e ќе дебитира со електричен погонски систем со вкупна максимална моќност од 252 коњски сили, можност за забрзување од 0 до 100 km/h за 6 секунди, автономија во чист електричен режим од 60 километри и просечна потрошувачка на гориво од само 1,7 литри на 100 километри.

BMW

Кај новото BMW X5 xDrive45e вкупната максимална моќност на хибридниот систем е 394 коњски сили, забрзувањето од 0 до 100 km/h може да биде спроведено за 5,6 секунди, во чист електричен режим ќе може да се помине растојание од 80 километри, а просечната потрошувачка на гориво е 2,1 литри на 100 километри.

BMW

Трите електрифицирани верзии на серијата 7 – 745e, 745Le и 745Le xDrive, ќе понудат 394 коњски сили, забрзување од 0 до 100 km/h од 5,1 до 5,3 секунди, автономија во електричен режим меѓу 50 и 58 километри и потрошувачка на гориво од 2,1 до 2,6 литри на 100 километри.

Поврзани вести

Back to top button