fbpx

Женева 2019: Peugeot ќе го претстави новото лого за електрични возила

Peugeot ќе создава нови идентитети за електричните возила кои ќе ги лансира, нови логоа, нови амблеми, нови ознаки иако тие се дел од постоечкиот бренд

На саемот за автомобили кој ќе се одржи следниот месец во Женева, Peugeot ќе го претстави електрифицираниот амблем на Лав кој ќе се користи за електричните возила на брендот. Во средата компанијата го објави лансирањето на новиот потпис на бренд, варијација на постојниот Motion & e-Motion која ќе биде во центарот на целосно електрифицираната палета до 2023 година.

Peugeot

„Потписот за Motion & e-Motion ја карактеризира нашата визија за она што брендот го претставува. Прилагодувањето на потписот кој го користиме речиси цела деценија покажува дека ние сме бренд кој се придржува до принципите на квалитет, но исто така се развива и се вклопува во електричната иднина.”, се вели во изјавата на Дејвид Пил, извршен директор на Peugeot Велика Британија.

Првиот електричен автомобил од Peugeot ќе го видиме кон крајот на оваа година, а голем број на автомобили како што се 3008 и 508 ќе добијат plug-in хибридни верзии. Сеуште нема информации за какви автомобили и концепти ќе прикаже францускиот производител, но овој пат во центар ќе биде презентацијата на новиот идентитет на брендот.

Peugeot

Поврзани вести

Back to top button