НАСЛОВНАНОВИТЕТИСАЕМИ

Женева 2019: Renault претстави специјалната серија на Alaskan именувана ICE Edition

Светска премиера на меѓународниот саем во Женева одбележува специјална лимитирана серија Alaskan ICE Edition на Renault

Новата лимитирана серија на Renault Alaskan која ќе биде достапна за купување од есен оваа година, како прво ќе биде лансирана во Швајцарија, a доаѓа со тематски развиен екстериер, две бои, тврд покрив за товарниот простор и голем број на дополнителни и уникатни елементи. Во опремата на Alaskan ICE Edition се вклучени црни шини на покривот, 18-инчи исто така црни алуминиумски тркала, антена во стилот на перка на ајкула, повеќенаменски гуми и друго.

Внатрешноста на Renault Alaskan ICE Edition е исполнет со пет седишта со кожен тапацир и аудио Focal со технологија Dôme Flax, а погонот се остварува од високоефективен 2.3 литарски dCi дизел мотор во верзии со 160 и 190 коњски сили.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close