Германците се занимаваат со глупости!?
Модерните електронски системи во кои германските луксузни брендови, како BMW и Mercedes-Benz, вложуваат огромни ресурси, се „глупави“, потенцира во интервју шефот на Hyundai N, Алберт Бирман
Пред да се пресели во Кореја, инженерот ја водеше BMW M дивизијата.
– Ние немаме воздушно потпирање, активни стабилизатори или камери кои го „чувствуваат“ патот. Тоа се чисти глупости. За сметка на тоа имаме здрави платформи, тони високвалитетен челик, иако поради тоа автомобилите ни се потешки, но за возврат и прилагодливи амортизери, вели Бирман.
Алберт Бирман
Според менаџерот повеќето технологии во луксузниот сегмент се „маркетинг” и „повод да се крене прав низ медиумите“. Многу од нив не се користат, оштетени се и се претвораат во тежок товар за сопственикот, смета шефот на Hyundai N. Во Корејската компанија се на мислење дека е подобро напорите да бидат фокусирани на едноставни, но сигурен технологии, наместо во се покомплексни електронски системи.