ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Гласини за новиот Inline-six мотор на FCA

Се претпоставува дека прво возило кое ќе го добие овој мотор е Jeep Wagoneer или Grand Cherokee

Новиот линиски 6-цилиндерски мотор се претпоставува дека свое деби ќе има на моделот Wagoneer, иако можеби поверојатно е дека прв кој ќе го добие овој мотор е следната генерација на Grand Cherokee. Моторот ќе има релативно мали цилиндри, тесно распоредени, за да ја намали неговата должина. Се верува дека моќноста може да се мери со 5.7-литарскиот HEMI мотор, со таа разлика што овој мотор се претпоставува дека ќе е 3.0 литарски сè со цел да не наметне повисоки даноци во некои делови во светот. Според allpar.com привременото име на моторот е Торнадо. За сега нема други информации околу ова.

Inline-six

Поврзани вести

Close