ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Како GM ќе ги направи електрични автомобили поевтини?

Генералниот директор на General Motors, Мари Бара, веќе објави дека до 2021 година компанијата планира да има голема корист од производството и продажбата на електрични возила

Бара е подготвена да го открие рецептот како тоа ќе се случи.

Досега само Карлос Гон имаше храброст да објави дека Renault-Nissan е единствената компанија која заработува од производството на електрични возила. Факт е дека Nissan е број еден во светот со Leaf, а Renault лидер во Европа со Zoe. И Toyota има некое „фајде“ од возилата на алтернативен погон, односно таа има забележано хибриден успех и сè уште не присутна на пазарот на електрични автомобили. Доволно е да се следи само ова, а според стратегијата на Бара, има уште неколку финеси за остварување на посакуваната цел.

Бара

Таа додава дека вистински адут во блиска иднина ќе биде падот на цената на електричните автомобили, поради се поефтините батерии кои наскоро ќе имаат многу помасивно производство во Кина. Доналд Трамп нема да сака да го слушне ова, но според аналитичарите на GM, не постои друг начин за електричните возила да бидат поприфатливи на почеток на следната деценија. Стратегијата има и втора точка, освен што на одреден начин ќе се финансира масовно поевтино производство на батерии во Кина, GM акумулира пари за зголемување на продажбата на своите традиционални модели, како што се пик-апит и спортски автомобили со погон на бензински мотори.

Планот е до 2025 да има две одделни компании, меѓутоа, да работат во тандем – глобална компанија за производство на електромобили со седиште во Кина, а втората да ги развива на традиционалните модел.

Покрај тоа, GM ќе инвестира во голема мера во технологии за развој на мобилност, вклучувајќи ја автономноста, роботски такси… Сепак, многу аналитичари се сомневаат во планот Бара и тврдат дека популарноста на електричните автомобили се должи повеќе на попустите и намалувањата што ги дава владата отколку што купувачите навистина сакаат да поседуваат таков автомобил. Но, факт е дека тимот на Бара има прецизен план за намалување на електричните автомобили.

И во овој план има интересни решенија. Еден од нив е намалувањето на кобалтот во новиот систем за батерии GM-EMC 1.0. Токму кобалтот е метал што сериозно ја зголемува цената на литиум-јонските батерии и стануваат поскапи поради неговата постојано растечка побарувачка. Наместо кобалт, GM планира да користи никел, кој ќе ги направи батериите поефтини и истовремено ќе може да складираат повеќе енергија. Освен тоа, GM исто така работи напорно за да создаде поефикасни батериски пакувања за електрични автомобили и подобро да ги излади батериите.

На чело на оваа програма е Пем Флечер, дама која всушност го насочува GM кон електричната иднина, а сега е потпретседател на глобалната програма за електромотивност.

Флечер сè уште не дава детали за оваа програма, но предвидува дека цената на батеријата до 2021 година може да падне за околу 30%. Сега батериите на Chevrolet Bolt, чија основна цена е 36.000 долари, чинат меѓу 10.000 и 12.000 долари. Но, се претпоставува дека Флечер намерно обезбедува поконзервативни предвидувања.

Бара

Според поранешниот директор на GM за развој, Џон Береша, во 2021 година, истата батерија би можела да чини 6.000 долари. И прогнозата му е дека следната генерација на Bolt може да има километража, која ќе е за 45% поголема со иста цена на батериите или пак електромобилот да се нуди со истата автономија како сега, но со 45% поевтини батерии. Со оглед на тоа што трката за развој на електрични возила добива во темпо, бидејќи GM е еден од главните играчи во него, следните неколку години во овој сегмент ветуваат дека ќе бидат многу интересни.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close