ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

GM се враќа во Европа?

Во последните неколку години General Motors целосно се повлече од Европа. Прво го повлече Chevrolet , а оваа година го продаде Opel на PSA

Но, според извршниот директор, Мери Бара, враќањето во Европа е можно со обезбедување мобилни услуги и автономни технологии.

-Ништо не нè спречува да се вратиме во Европа, објасни таа на настанот организиран од Automotive Press Association. Тоа е навистина можно, а како ќе го сториме тоа, останува на нас !GM

GM во моментов се обидува да го смени имиџот на традиционален производител на автомобили, кој од време на време бидува спасен од банкрот со американски даночни обврзници и се обидува да најде место меѓу технолошките компании кои го насочуваат патот кон индустријата. Бара веќе посочи дека GM ќе продолжи да инвестира многу во автономни автомобили, електромобили и услуги за заеднички возила.
Компанијата покажа автономна верзија на Chevrolet Bolt во ноември во Сан Франциско и најави дека во 2019 година ќе ги вклучи таквите возила во програма за споделување на електромобилите.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Back to top button
Close