ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Golf прослави 45 години!

VW Golf ја одбележува 45-годишнината од започнувањето на производството на најуспешниот автомобил во Европа, во производствениот комплекс во Волфсбург

VW вели дека кога автомобилот беше лансиран на европскиот пазар, никој не замислуваше колку ќе биде успешен овој модел. Со повеќе од 35.000.000 продадени единици во светот. Според пресметките на брендот, во компанијата секојдневно пристигнува барање за купување на моделот, поточно на секој 41 секунди, а годишниот показател е на ниво од околу 780.000 единици.

„Golf е во срцето на нашиот бренд“, коментира Ралф Брандстритер, директор за операции на VW. „Тој е симбол за прогресот и технологијата. За седум генерации, Golf придонесе за развојот на Volkswagen, како бренд и како група, до еден од најважните автомобилски производители во целиот свет“.

 

Првите испораки на Volkswagen Golf почнуваат на 5 август 1974 година, а возилото се нуди во опција со две и четири врати. Во внатрешноста има пет седишта, а багажниот простор е со капацитет од 300 литри. Достапните погонски агрегати се 1.1 литарски со 50 коњски сили и 1.5 литарски со 70 коњски сили, а корисниците можеле да избираат меѓу четири степен механички или три степен автоматски менувач.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Back to top button
Close