Најголемите градови во светот ќе користат само електрични автобуси

Градоначалниците на 12 од најголемите градови во светот, со вкупно население од речиси 80 милиони луѓе, објавија дека ќе се потпираат само на електрични автобуси при купување на конвенционални транспортни средства во иднина

Градоначалниците потпишаа декларацијата C40 Fossil-Fuel-Free Streets, која како што сугерира името, е насочена кон намалување на употребата на транспортот со средства со мотори со внатрешно согорување.

Со оглед на тоа дека во неа се предвидуваат и традиционални мерки, каде е ставен посериозен акцент на користење на градскиот транспорт, новиот момент е насочување кон такви возила кои не ја загадуваат природата. Според планот, од 2025 година овие 12 града ќе користат само автобуси кои не испуштаат штетни гасови.

Ова обединување им дава сериозни надежи на производителите на електрични автобуси, бидејки зборуваме за речиси 60.000 возила. Вториот дел од планот предвидува создавање на цели области во градовите каде нема да се емитуваат емисии.

Потписници на декларацијата се: Лондон, Париз, Лос Анџелес, Копенхаген, Барселона, Кито, Ванкувер, Мексико Сити, Милано, Сиетл, Оукленд и Кејптаун. Дел од овие градови веќе најавија мерки за забрана на автомобили со бензински и дизел мотори, а ова е следниот чекор во битката со штетните гасови.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close