fbpx

Gunther Werks го покажа најновиот 993 Speedster Remastered модел

Најновиот 993 Speedster Remastered модел од компанијата Gunther Werks во Viola Metallic боја делува навистина спектакуларно

Компанијата Gunther Werks во последно време е позната по тоа што ги конвертира Porsche 911 моделите од 993 генерација во специјални машини. Најновиот таков модел е овој Speedster кој пристигнува во Viola Metallic виолетова боја, а изгледа навистина прекрасно.

Прикажан преку серија на детално направени рендери, овој Speedster доаѓа со алуминиумски тркала во Fuchs стил со пет краци, виолетови и златни Porsche детали на страните, како и виолетови шапи на сопирачките. Темно виолетовиот екстериер е навистина одважен, а тука се и елементите од соголен карбон, како што се предниот сплитер и задниот спојлер, кои му даваат еден неверојатен севкупен изглед на автомобилот.

Gunther Werks 993 Speedster Remastered

Иако ентериерот не е прикажан, лесно може да се забележи дека таму се наоѓаат карбонски спортски седишта финиширани во Алкантара и кожа со сива боја и контрастни виолетови конци и детали.

Инаку, сите 993 Speedster Remastered модели од Gunther Werks се напојуваат со 4,0-литарски природно аспириран шестцилиндричен мотор од Rothsport Racing кој испорачува 435 КС и 454 Nm максимален вртежен момент. Оваа моќност се испраќа на задните тркала благодарение на унапредената верзија на оригиналната Getrag G50 шестстепена мануелна трансмисија на 993. Автомобилот исто така тежи само 1.175 килограми благодарение на обилното користење на карбон при изработката.

Porsche направи само два автентични 911 Speedster модели, а едниот беше наменет за дизајнерот на 911, Фердинанд Александер Порше. Gunther Werks ќе направи само 25 примероци на 993 Speedster Remastered, но цените се уште не се објавени.

Поврзани вести

Back to top button