fbpx

Хакери можат да убијат милиони луѓе со помош на автомобили

Хакери можат да убијат милиони луѓе, ако навлезат во системите на автомобилите опремени со функции за далечинско управување

Ова го пишува The Times, повикувајки се на истражување на американските научници и експерти за безбедност.

„Современите автомобили претставуваат „отворена врата“ за хакерите, а од можноста да бидат „пробиени“ машините може да имаат корист не само терористи, дури и цели држави доколку ги користат за војни цели. Така автомобилите ќе се претворат со смртоносно оружје“, се вели во публикацијата на англискиот весник.

Според експертот за компјутерска безбедност од Универзитетот во Њујорк – Џастин Капос, хакерите можат да го стават под контрола речиси секој автомобил, произведен по 2005 година. Загрозени се и некои автомобили произведени во 2000 година.

„Тоа е проблем на националната безбедност за многу земји. Секоја нација, со можност за сајбер-напад може да убие милиони граѓани, откако би биле „пробиени“ нивните автомобили “, категоричен е Капос.

Експертот истакна дека хакерите можат да го стартуваат моторот од далечина, како и да го контролираат управувачот и сопирачките на возилото, а исто така и да ги блокираат функциите на луѓето внатре. Најголемата закана се должи на вклучувањето на автомобилите на Wi-Fi. Во истражувањето се потсетува дека во 2015 година беше направен експеримент при кој двајца компјутерски експерти со помош само на лаптоп успеаја да стават под своја контрола Jeep Cherokee. Година подоцна кинески експерти тоа го сторија и со Tesla Model S, што го принуди американскиот производител на електрични возила да примени целосно нова програма за своите автомобили.

Поврзани вести

Back to top button