Хамилтон победи во Јапонија и ја допре титулата

Луис Хамилтон направи значен чекор кон петтата светска титула во Formula 1, откако ја освои Големата Награда на Јапонија, а неговиот конкурент Себастијан Фетел остана на шестата позиција

Хамилтон и Ботас ја запишаа втора двојна победа за Mercedes, а заедно со нив на подиумот се искачи и Макс Верстапен со Red Bull. Холанѓанецот успеа да ги помине двајцата пилоти на Ferrari – прво Кими Раиконен во почетокот, а при рестартот во осмиот круг и Себастијан Фетел.

Хамилтон имаше контрола во текот на целата трка, а клубскиот колега Ботас имаше проблеми со гумите на крајот од трката, но тоа не отвори можност за Верстапен да го нападне.

Сепак, Холанѓанецот беше казнет со 5 секунди за првиот инцидент со Раиконен на крајот на првиот круг. Хамилтон ја освои деветтата победа за годината и може да стане шампион уште во САД по две недели, ако успее да земе осум поени повеќе од Фетел. Разликата помеѓу двајцата на четири трки пред крајот на сезоната е 67 поени во корист на Британецот.

ПОЗИЦИЈАВОЗАЧТИМПОЕНИ
1Луис ХамилтонMercedes331 поени
2Себастијан ФетелFerrari264 поени
3Валтери БотасMercedes207 поени
4Кими РаиконенFerrari196 поени
5Макс ВерстапенRedBull173 поени
6Даниел РикардоRedBull146 поени
7Серхио ПерезForce India  53 поени
8Кевин МагнусенHaas Ferrari  53 поени
9Нико ХулкенбергRenault  53 поени
10Фернандо АлонсоMcLaren  50 поени

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close