Хамилтон со важен чекор кон титулата по победата во Сингапур
Луис Хамилтон направи нов важен чекор кон титулата оваа година по победата во трката за Големата награда на Сингапур
Mercedes-Benz веќе има 40 поени пред Себастијан Фетел, кој заврши на третото место, додека Макс Верстапен со својот Red Bull заврши на втората позиција. Британецот имаше предност пред своите ривали, а само во еден момент допушти Макс да се доближи, кога двајцата се најдоа во гужва меѓу заостанатите болиди на патеката. Ова е 7-та победа за Хамилтон во оваа сезона и 69-та во кариерата.
Челната петорка ја дополнија Ботас, Раиконен и Рикиардо, а најбрз од останатите беше Алонсо со McLaren, кој заврши 7-ми, далеку пред сите зад него. Листата беше надополнета со Карлос Саинц, Чарлс Лекелер и Нико Хулкенберг. На почетокот Хамилтон поведе, а третиот Фетел стартуваше подобро од Верстапен.
Поназад пилотите на Force India се удрија, а трката заврши за Окон кој се удри во заштитната ограда на излезот од кривина 3. Поради него на патеката излезе автомобилот за безбедност. Во петтиот круг трката продолжи, а Хамилтон водеше пред Фетел, Верстапен, Ботас, Кими и Рикиардо.
Хамилтон и Фетел го намалија темпото за да ги зачуваат своите гуми, а разликите меѓу нив беа многу мали.
Хамилтон, сепак, успеа да се отцепи од Себастијан во текот на 2 секунди. При првото влегување во бокстот за прамена на гуми, Red Bull имаше одлична тактика и успеа да го врати Макс на втората позиција пред Германецот.
Алонсо, кој ја возеше најдобрата трка сезонава им отежна на оние зад него, а во текот на трката имаше и најбрз круг. Во последните кругови Ботас се израмни од Раиконен и Рикиардо, а Фетел успеваше добро да ги задржи ултрасофт гумите на 3-та позиција. Иако до крајот беше неизвесно, Ботас успеа да го задржи четвртото место.