Холанѓаните направија автомобил од лен и шеќер
Студентите на техничкиот универзитет во Ајндховен презентираа прототип на биоразградливо електрично возило. Каросеријата, шасијата и повеќето внатрешни делови од концептот Noah се направени од ленени влакна и шеќер.
Електричниот автомобил троши енергија еднаква на цената за еден литар бензин за 300 километри. Во основата лежи шасија на сендвич панели направени од лен и биопластична маса направена од шеќерна трска. Каросериските панели се изработени од ленено платно, залепени со смола.
Холанѓаните тврдат дека е потребно шест пати помалку енергија за да се произведат биоматеријалите направени за Noah, отколку да се користат алуминиумски или јаглеродни влакна. Ленените панели се исклучително цврсти, па дури и овозможува дизајн на зони за деформации при удар.
Noah може да биде целосно рециклиран. Биокомпозитните материјали од кои е направен електромобилот може повторно да се користат – на пример за производство на градежни блокови.
Автомобилот со лен и шеќер тежи 420 килограми и има батерии со маса од 60 килограми. Со едно полнење на батериите достигнува автономија од 240 km, a максималната брзина e 110 km/h.