fbpx

Кинески дизајн за Honda

Honda ги претстави новитетите од својот нов дизајнерски центар во Кина на автомобилскиот саем во Циндао

Со оглед на тоа што оваа единица е сосема нова во структурата на јапонскиот гигант, сеуште не може да се пофали со многу креации.

Всушност, тие засега се две, базирани на моделот City, автомобили развиени за кинескиот пазар – седанот Crider и лифтбекот Gienia. Јапонците очекуваат работите доста да се променат, бидејки кинескиот центар на Honda веќе е дел од мрежата  на дизајнерски студија на компанијата. Според информациите од јапонскиот гигант, Кинезите ќе учествуваат во развојот на модели за другите светски маркети, но нивната прва задача ќе биде создавање на автомобили за локалниот пазар.
дизајн
Кинескиот тим го претстави и концептот Honda Design C 001. Пропорциите и формите личат на идеите содржани во новата генерација на серискиот Honda Accord, чиј модел беше претставен пред два месеци во САД. Засега Honda Design C 001 е само макета, концептот нема внатрешност, ниту механика. Но, да не заборавиме дека догодина треба да се појави моделот Accord за кинескиот пазар кој секако ќе биде надграден на C 001, кој исто дебитираше во Циндао.
дизајн

Поврзани вести

Back to top button