Honda ќе инсталира во нова двонасочна технологија
Honda инвестира во исклучително современа двонасочна технологија за полнење во развојниот европски центар во Офенбах, во Германија
![Honda](https://avtoplus.mk/wp-content/uploads/2017/12/Honda-1600-4-780x405.jpg)
Тоа ќе донесе многу поефикасен баланс помеѓу потрошувачката и складирањето на потребната енергија за производната активност.
Воведувањето на технологијата во Германија е само презентирање на концептот на Honda во Франкфурт за управување со енергијата (Power Manager Concept). Техничкиот прототип покажа како е можно да се случи целосна размена на енергија меѓу електромобил и електричната мрежа, па неговите акумулатори да се полнат од неа, но и при потреба автомобилот да обезбедува енергија за домашната мрежа.
Ова е можно благодарение на технологијата Vehicle to Grid (или V2G). На истиот принцип е иновацијата во центарот на Офенбах. Струјата или се црпи од мрежата, или е генерирана од фотоволтаични соларни панели преку двонасочен пренос на енергија, а потоа служи за полнење на електрични возила вклучени во системот. Додека електромобилот е дел од неа, складираната во акумулаторот енергија може да се врати назад за да ја стабилизира мрежата.
– Со инсталирањето на полнач со технологија од нова генерација во нашиот развоен центар во Германија, додаваме иновација кон својот проект наречен Smart Company и фокусиран кон општество со нулта емисија на штетни гасови и мобилноста на иднината, изјави Јерг Ботчер, потпретседател на Honda R & D Европа.
Со помош на двонасочен хардвер и технологијата на The Mobility House, Honda планира да го оптимизира управување со енергија во европскиот развоен центар и особено да ја зголеми употребата на обновливите извори на соларна енергија.
Проектот ја тестира интеракцијата, компатибилноста и погонскиот проток помеѓу специфични електрични компоненти, вклучувајки ги и обновливите енергетски клетки и акумулаторите на електричните возила. Инсталацијата е плод на соработка меѓу Honda R & D Европа, енергетскиот провајдер The Mobility House и швајцарската технолошка компанија EVTEC.