fbpx

Honda ќе го претстави концептот 3E Robotics на CES 2018

Honda ќе го претстави својот нов концепт во областа на роботиката, наречена 3E (Empower, Experience, Empathy)

Официјалната премиера е закажана за почетокот јануари, во Лас Вегас, за време саемот за електроника CES 2018.

Со овој прототип јапонската марка ќе открие визија за едно „битие“ кон емпатија и помош, каде роботиката и вештачкиот интелект ќе им помагаат на луѓето во голем број на различни ситуации од нивниот животен пат, без разлика дали станува збор за опоравување по инцидент или несреќа, или за одмор и забава. Дел од концептот 3E Robotics Concept е 3E- D18 (Workhorse), автономно концептно теренско возило со вештачка интелигенција.

3E

Автомобилот е дизајниран да им помага на луѓето во голем број активности. Истото важи и за 3E- A18 (Cooperative Robot), прототип за придружник способен да изразува едноставност преку голем број мимики.
Освен горе споменатите технолошки новини, на штандот на CES 2018, од Honda ќе биде претставен и прототип за мобилен моќен пакет, вклучувајќи преносни заменливи батерии за електрични возила и систем за полнење на истите, наменет за користење во домашни услови, на пат или за време на природна катастрофа.

Таканаречениот Mobile Power Pack, исто така, вклучува и уред за складирање и полнење мобилни уреди. Центарот за иновации на Honda, кој се наоѓа во Силиконската долина, исто така, ќе ги открие деталите за својот проект Honda Xcelerator, фокусирајќи се на партнерства со start- up компании. Во оваа фаза марката се здружи со BRAIQ, специјалист во создавањето на поврзување мостови меѓу човечките преференции и вештачка интелигенција со цел да се персонализира стилот на управување на автономните автомобили.

Друг партнер е DeepMap, обезбедувајќи HD карти и локализација во реално време, како дел од услугите што ги нудат авто возилата. DynaOptics за возврат ја утврдува силата на оптиката, за да се подобри безбедноста на патиштата, а стручњаците од Tactual Labs Co создаваат сензорни технологии за интеракција помеѓу човек, компјутер и процесор технологијата. Дел од проектот е WayRay, швајцарски инвеститор на холографска AR навигација (комбинирање виртуелна реалност и елементи од реалниот свет).

Минатиот месец, јапонскиот бренд објави дека програмата Honda Xcelerator ќе го прошири својот ангажман со почетни еко проекти во Јапонија, Кина и Европа.

Поврзани вести

Back to top button