fbpx

Honda со нови фотки од HR-V пред лансирањето во Европа

Во пресрет на лансирањето на европскиот пазар, јапонскиот производител Honda објави нови фотографии од новиот HR-V e:HEV

Целосно новата Honda HR-V e:HEV ќе започне со продажба во Европа подоцна оваа година, а во пресрет на лансирањето, јапонскиот производител објави серија на нови фотографии од ентериерот и екстериерот на новиот кросовер.

Додатокот e:HEV означува „хибриден електричен автомобил, со што HR-V се приклучува на CR-V и Jazz како хибридна опција за европската постава на Honda. Кросоверот се напојува со 1,5-литарски DOHC i-VTEC агрегат и електромотор кои заеднички испорачуваат 131 КС и 253 Nm максимален вртежен момент.

Honda HR-V

Како резултат на електричната асистенција, спринтот од нула до „стотка“ се достигнува за 10,6 секунди. На автопатиштата, моделот ќе ја користи моќноста на моторот, но во случај на поголемо забрзување, како при претекнување, тогаш и електромоторот се вклучува, со што се добива дополнителен вртежен момент. Потрошувачката, според WLTP ќе изнесува 5,4 литри на 100 километри.

И покрај тоа што хибридниот погон е главниот фокус, Honda ја избра „man maximum, machine minimum“ дизајнерската филозофија. Тоа значи дека моторот, електромоторот и батериите се заедно поставени во моторниот дел од шасијата со цел да се максимизира просторот во ентериерот и комфорот.

Новиот HR-V исто така носи и поголем простор за нозете за патниците на задната клупа, поголем простор за навалување и поголем простор за рамениците во однос на својот претходник. Од Honda велат дека кросоверот има водечки багажен капацитет во класата, нудејќи до 319 литри, односно 1.305 литри со преклопени задни седишта.

За конективноста на патниците Honda нуди голем број на напредни конективни технологии. Кросоверот може да служи како WiFi „хотспот“ доколку е потребно, а My Honda+ апликацијата е екстензивно унапредувана со цел да биде покорисна за корисниците.

Поврзани вести

Back to top button