fbpx

Светска премиера за Honda Sports EV Concept

Откако за време на меѓународниот саем во Франкфурт бевме сведоци на премиерата на целосно новата концептуална развој Urban EV Concept на Honda, од компанијата ветуваат уште една светска новост, овој пат за салонот во Токио во следниот месец

Деби на штандот на Honda на Токискиот саем ќе направи целосно електричниот концепт Sports EV, за кој сепак за жал детали сеуште нема. Единствената информации, освен првата скица на концептот што ја понудија од брендот, е онаа дека ова е дел од стратегијата на компанијата за залагање за електрични модели со погон на две и четири тркала, во блиска иднина. Азиска премиера на штандот на Honda ќе направи и Urban EV Concept, кој ќе го видиме во сериски варијанта во 2019 година, а од брендот подготвија специјална изведба на легендарниот модел Super Cub.

HONDA URBAN EV CONCEPT
Honda Sports EV Concept

Посетителите на Токискиот саем ќе имаат можност да се запознаат исто така и со новата CR-V, футуристичкиот концепт NeuV, хибридниот суперспортист NSX и многу други остварувања.

 

NEU V
Honda Sports EV Concept

Поврзани вести

Back to top button