fbpx

Honda Urban EV за најдобар концепт!

Жири составено од автомобилски експерти од целиот свет, му додели на прототипот Honda Urban EV Concept титула „Најдобро концептно возило за 2018"

Наградата беше доделена за време на Салонот за автомобили во Торино. Во овој избор, во чиј состав се 12 автомобилски новинари од најпрестижните во светот изданија годинава се најдоа девет финалисти, а Honda Urban EV Concept доби најмногу гласови. Електричниот концерт ја освои светската награда за автомобилски дизајн, а процесот на гласањето, како и доделувањето на признанието беше во организација на списанието Auto & Design.

Honda го претстави прототипот на салонот во Франкфурт 2017 година. Со него брендот ги најави основните насоки во дизајнот на првите електрични возила, кои се очекува да се најдат на европскиот пазар од почетокот на 2019 година. Автомобилот е со каросерија со ниски и широки пропорции, во спортски стил, тесни А-носачи и широк задник.

Влегувањето и излегувањето во него поминува низ отворот во спротивна насока како во лимузини од највисоката класа. Наместо Urban grille, концептот има повеќејазичен дисплеј на кој возачот може да испраќа пораки до други учесници во сообраќајот.

Honda Urban EV
Urban EV Concept

Внатрешноста е исклучително пријатна благодарение на природните материјали, а возилото нуди сосема слободен простор. Наместо класични предни и задни седишта се користат клупи. Тапацирот е во сива боја и акцентите од природно дрво нудат пријатната релаксирачка атмосфера на ентериерот, а напред пред возачот има дигитален дисплеј кој ја заокружува целата конзола и се протега до самите врати.

Honda Urban EV

-Honda Urban EV Concept е претставнк од дизајнерската уметност, кој ќе донесе повеќе индивидуалност во класата на електрични автомобили. Кај овој автомобил имаме комбинација на ретро и футуризам, споени на еден неповторлив начин“, стои во општиот заклучок на жирито на конкурсот.

-Honda Urban EV Concept ќе биде првиот целосно електричен автомобил кој ќе влезе во производство во согласност со стратегијата „Електрична визија” која марката ја постави за Европа. Според плановите, компанијата планира да развие посебна производна платформа и сопствена електрична технологија.

-Нашиот Urban EV Concept е одлична илустрација на идејата за таканаречениот We make it simple design, чија цел е да го доближи возилото до срцето на клиентите, изјави Макото Иваки, главен креативен директор на развојниот дизајнерски центар на Honda.

-Во име на целиот наш тим му се заблагодарувам на жирито за оваа висока награда. Во моментов работиме на серискиот модел кој ќе го наследи овој концепт. Ќе биде привлечно, атрактивно…едноставнои и функционално, забавно за управување и секој ден ќе ви биде исполнет со радост.

Овогодинешното издание на Car Design Award е трето по ред во својот нов формат. Во неговата оригинална форма настанот постоел помеѓу 1984 и 1997 година, а Honda беше победник и во првата сесија.

Поврзани вести

Back to top button