fbpx

Автомобилите на водород ќе ја променат светската економија

Советот на компании за водородните технологии (Hydrogen Council), вклучувајки 18 водечки брендови од различни области, ја објави првата студија која ни открива зошто водородот ќе игра главна улога при преминот кон алтернативни извори на енергија

Според извештајот, водородните технологии ќе придонесат нивото на CO2 да се намали за 20% до 2050 година и да создаде вкупен бизнис од 2,5 трилиони долари. За оваа цел ќе бидат отворени над 30 милиони нови работни места. Студијата воедно формираше и „патна карта” по која треба да се воведе употребата на водородот на повисоко ниво. Како резултат на тоа, ќе се случи трансформација на светската енергија. Во Советот учествуваат претставници на Honda, Hyundai, Toyota, Kawasaki, BMW, Daimler, General Motors и Shell, кои се на мислење дека во 2030 година на водородно гориво ќе бидат пласирани околу 10-15 милиони автомобили и 500.000 машини за полнење.
водородните технологии
водородните технологииПокрај тоа, овој гас, исто така, може да се користи во производните процеси за греење и снабдување со енергија на станбени домови и бизниси. Сето ова ќе ја зголеми употребата на водородот за 10 пати до 2050 година, кога ќе изнесува околу 18% од енергијата што се користи во светот. За да се постигнат овие цели потребни се годишни инвестиции во износ од 20.025 милијарди долари. Во извештајот, исто така, се наведува дека овие средства може да се обезбедат „со примена на правилно артикулирани закони и регулативи”. Во моментов, вкупните годишни инвестиции во енергија се околу 1,7 трилиони долари, од кои 650 милијарди од нив се занафта и гас и 300 милијарди за обновлива енергија.

Претставниците на Советот се цврсти во ставовите и предвидувањата, велејки дека техничките решенија за транзицијата кон водород се целосно подготвени, но претставниците од индустријата заинтересирани за таква стратегија треба да ги здружат силите. Коалицијата бара поддршка од инвеститори, политичари и бизнисмени.
водородните технологии
Во моментов, голем проблем е недостатокот на инфраструктура и ова ги попречува возилата со горивни ќелии (FCV). Најпознатите модели – Toyota Mirai, Honda Clarity и Hyundai ix35 Fuell Cell, се произведуваат во ограничени бројки и се нудат на малку пазари.

Поврзани вести

Back to top button