Hyundai со автономен камион на магистралата во Јужна Кореја
Hyundai Motor Company објави дека компанијата го реализира првото во историјата на Јужна Кореја автономно патување по автопат со влекач и приколка.
Оваа успешна демонстрација докажува дека иновативните технологии за автономно управување можат да бидат искористени за трговската логистика во индустријата, коментира Мајк Зигле, директор на единицата Commercial Vehicle R & D Strategy Group на Hyundai Motor Company. Во оваа фаза, се уште треба да има возач, кој ја контролира машината во некои ситуации, но мислам дека наскоро ќе достигнеме автономија од ниво 4. Ние континуирано ги прошируваме нашите технолошки можности.
Патувањето со камионот Xcient на Hyundai траеше 40 километри, а самиот тој е опремен со сет високотехнолошки системи за автономно управување од Ниво 3, вклучувајќи: радарски сензори, камери, ласерски модули Lidar и други компоненти. Комбинираната работа нуди можност за целосно автоматско управувањето, забрзувањето / намалување на брзината и позиционирањето на возилото при движење во сообраќајот.