Hyundai со 10 електромобили во Европа до 2020 година

Во интервју за новинската агенција ANE, главниот оперативен директор на Hyundai Europe, Томас Шмит, коментираше дека до 2020 година, во своето портфолио, компанијата ќе има 10 електрифицирани возила, од кои четири ќе бидат целосно електрични

– Не верувам дека целосната електрификација ќе биде решение за пазарот во блиска иднина, бидејки дури и по пет години инфраструктурата нема да биде на потребното рамниште ги сподели своите ставови за автомобилскиот бизнис за 2022 година, Томас Шмит. – Засега е потребно половина час за да се наполни барем 80% било кој електромобил, па ако имаме стотици автомобили на пат, потребни ни се многу станици и часови за полнење. Ние сметаме дека тоа ќе биде решено многу подоцна од предвидувањата, а во текот на овој период на транзиција, plug-in хибриди и хибридите би требало да бидат адекватно решение за подолги патувања. За градовите, во преден план ќе се електричните, вклучувајки ги и оние со горивни ќелии, кои би можеле да достигнат 20% пазарен удел во текот на наредните пет години. Исто така, иако се води „хајка“ против ова гориво, дизел ќе постои, но сепак поради ова учеството на овие возила во вкупниот пласман постојано ќе опаѓа низ цела Европа. Мојата прогноза е нивни 30% удел на пазарот за пет години.
Hyundai
Во врска со идниот SUV на Hyundai со хидроенергетски погон, Шмит вели: „Ќе има автономија од 800 километри, како и автономна контролна функционалност. Продажбата во Европа започнува следната година. Во моментов, на територијата на Европа имаме 600 водородни погонски единици. Се надеваме дека оваа бројка ќе ја зголемиме за 100-150 единици следната година.
Hyundai
– Не верувам дека ситуацијата значително ќе се промени, изјави Шмид на прашањето за тоа дали бавното префрлување на електрифицирани автомобили ќе им овозможи на новите компании да влезат и да ги надминат веќе позиционираните производители, во следните 10 години. – Од една страна ќе има нови компании, како во Кина и САД, како што е Tesla, затоа што електричниот автомобил е многу полесен за производство. Од друга страна, сериозното познавање и искуство во производниот процес, ќе продолжи да биде конкурентна предност. Она што треба да се очекува моменталните брендови, но ќе има е спојувања на моќните брендови. Ќе има повеќе договори како PSA и Opel, или Fiat Chrysler со кинески производител, истакна Шмит.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close