fbpx

Hyundai го покажа водородниот концепт HDC-6 Neptune

По прегледот на почетокот од овој месец, Hyundai го претстави концептниот HDC-6 Neptune на Саемот за комерцијални возила во Атланта

Создаден да го потенцира фактот дека Hyundai „истражува можности“ и се стреми кон нултата CO2 емисија, концептниот модел на компанијата претставува камион од полу-тешката Класа 8, кој работи на водород.

Покрај еко погонот, HDC-6 Neptune доаѓа со Art Deco дизајн, кој влече инспирација од некогашните „streamliner“ возови од 1930тите, а компанијата исто така ја наведе и работата на индустрискиот дизајнер Хенри Драјфус, на кои му се препишува создавањето на едни од најинтересните возови за New York Central Railroad.

Hyundai

На предниот дел на концептниот камион, доминира големо ветробранско стакло кое продолжува накај кабината. HDC-6 Neptune е опремен и со дигитални странични ретровизори кои прикажуваат слики на уникатна рамка во внатрешноста на кабината.

Од Hyundai сеуште не произлегоа со точните спецификации на својот концептен модел, но соопштија дека горивните ќелии се совршени за тешките товарни возила и долги возни растојанија поради подолгиот опсег на возење, помало време на полнење и значително пониските трошоци.

Покрај HDC-6 Neptune, Hyundai ја претстави и Nitro ThermoTech приколката. Развиена во соработка со Air Liquide, ThermoTech претставува приколка со комора, која користи криогеничен азотен систем за ладење.

Поврзани вести

Back to top button