fbpx

Hyundai го претстави i20 N Rally2 тркачкиот автомобил

Целосно новиот Hyundai i20 N Rally2 е најновата понуда на корејскиот производител за мотоспортот за приватни тимови и возачи кој доаѓа на местото на i20 R5

Hyundai i20 N Rally2 е базиран на шасијата на целосно новиот i20 N, надградувајќи го спортскиот изглед на цивилниот автомобил, кој сам по себе се одликува со неколку елементи инспирирани од светот на мотоспортот.

Иако го споделува стариот петстепен секвенцијален менувач на i20 R5, новиот i20 N Rally2 се одликува со целосно нов 1,6-литарски турбо мотор, плус нови компоненти во системот за потпирање со што се добиваат „подобри и ‘попријателски’ настроени управувачки карактеристики на сите површини“, велат од таборот на корејскиот производител.

Ваквиот тип на возачки динамики се многу важни во Rally2 категоријата, која е база за голем број национални и регионални шампионати, како и за меѓународните WRC 2 и WRC 3 класи.

„Hyundai i20 R5 беше првиот автомобил од Hyundai Motorsport Customer Racing, а новиот i20 N Rally2 покажува колку далеку сме стигнале во петте години од основањето на одделот. Секој дел на новиот автомобил е унапредување во однос на оригиналот благодарение на дизајнерските работи комплетирани од страна на нашиот посветен тим на дизајнери и инженери. Нашиот фокус сега е кон тестирање на автомобилот за дополнителен развој на секој аспект на дизајнот за да се унапредат и перформансите и сигурноста, додека исто така се осигуруваме дека управливоста овозможува секој до нашите клиенти да ги достигне најдобрите можни резултати кога ќе започнат со натпреварување со i20 N Rally2 автомобилот“, изјави шефот на Hyundai Motorsport, Андреа Адамо.

Hyundai ќе започне со екстензивна тест програма за новиот i20 N Rallу2 автомобил подоцна овој месец, а финалната хомологација заедно со првите доставувања до клиентите ќе се случат следното лето.

Поврзани вести

Back to top button