fbpx

Студенти креираа електрично баги за Hyundai

Европскиот дизајн центар на Hyundai заедно со група студенти од Европскиот институт за дизајн (IED) создадоа концептно електрично баги, кое го носи името Kite

Веќе е подготвен и модел на возило во размер 1:1, кој стана дел од дипломската работа на учениците во магистерска програма „Дизајн на транспортни средства“ во IED. Kite е долг 3.745, широчината му изнесува 2.235, а висината 1.455 милиметри. Меѓуоскиното растојание на багито со интересни форми е 2.580 mm, а возилото е управувано од еден електромотор.
Kite

Засега ова е единствената информација за багито, што ќе биде изложено на салонот во Женева и ќе биде претставено на прес-конференција на 6 март. Во 2015 година студентите од IED создадоа суперавтомобил Syrma, а во проектот учествуваше и списанието Quattroruote. Една година порано 16 студенти од IED развија за Hyundai концептен спортски модел – PassoCorto.

Kite

Hyundai Kite

Поврзани вести

Back to top button