Hyundai ќе работат на нивниот спортски предводник
N-одделот на Hyundai наскоро ќе започне со работа врз сосема нов спортски модел, откри потпретседателот на компанијата Томас Шемер за Auto Express. Според него овој автомобил ќе биде уникатен од ваков вид и неговата задача ќе биде да се зајакне имиџот на марката.
Раководството на Hyundai сепак уште не одлучил каков точно ќе биде новиот спортски модел: дали да тоа ќе е двосед купе, набилдана верзија на седанот KIa Stinger, или пак најбрза варијанта на кој било од моделите од премиум брендот Genesis.
На салонот за автомобили во Франкфурт во 2015 година, Hyundai го претстави концептот на N 2025 VGT. Ова е вистински тркачки автомобил со хибриден систем икарбонски монокок. Динамичките карактеристики не беа објавени, но со тежина од 972 килограми и моќност од 871 КС… боли глава! Во 2013 година брендот го претстави на автомобилскиот салон во Сеул концептното купе HND-9. Под хаубата е 3.3-литарски битурбо V6 мотор со 370 КС.