fbpx

Hyundai Kona во салонот на Кореа Аутотрејд

Во понуда кај македонскиот импортер за програмата на корејскиот гигант Hyundai e најновото остварување на компанијата, кросоверот Kona, кој ќе се обиде да освои што поголем број купувачи во најбрзорастечкиот сегмент на пазарот, како на континентот, така и кај нас

Kona e првиот адут, од планираните вкупно 30, со кои Hyundai треба да направи вистинска пресвртница во автомобилскиот свет и да стане најдобрата азиска автомобилска марка во Европа до 2021.

Името Kona потекнува од областа Кона на големиот остров Хаваи и е четвртиот член на SUV семејството на брендот во Европа, меѓу Grand Santa Fe, Santa Fe и Tucson. За пласирање на пазарот на новиот модел посебен тим соработуваше со група млади и креативни луѓе- дизајнери, диџеиј, блогери…

Нив ги обединува независноста и тие сами управуваат успешно со животот, не се плашат да преземат смели решенија и да се искажат преку својот уникатен стил…, па со таков пристап ја создадоа и Kona. Предниот дел на Kona делува моќно и агресивно и перцепира на новиот семеен идентитет на брендот со каскадна предна решетка. Новите двојни предни фарови комплетно импресионираат, дополнети со LED дневни светла.

Силуетата е во стил на моделите што се нудат на ова поле со типичен печат на дизајнерскиот „гуру“, Питер Шрејер, Двобојниот покрив и изборот на десет карактеристични надворешни бои, нудат многу можности за персонализација. Како вистински SUV, моделот има клиренс од 170 mm, што ќе му овозможи да „појде“ во секое време и надвор од стандардните патишта, а подигнатата положба на седиштата обезбедува подобра прегледност и удобност при возењето.

Kona

 

Внатрешноста нуди мазни површини, многу пријатни на допир со елегантни украси кои се дополнуваат од обоени шевови и рабови и дури безбедносни ремени во боја на екстериерот. За прв пат во автомобил на Hyundai се нуди и нов проекциски Head-Up дисплеј за кој производителот ветува дека e со исклучителe квалитет. Како и секој модерен автомобил и Kona нуди модерни карактеристики на поврзување во три степени.

Hyundai Kona

1 | Kona
2 | Kona
3 | Kona

    Системот Standard Audio е со 5 инчен диоден LCD екран на допир со функции за радио, поврзување преку Bluetooth и USB конекција. Системот Display Audio е со 7 инчен LCD екран на допир со интегрирана камера, со динамично наведување, поврзување преку Bluetooth, Apple Car Play и Android Auto. Највисоко ниво е 8 инчен екран и систем за навигација, вклучувајќи камера за позади со динамично наведување, поврзување преку Bluetooth, Apple CarPlay, Android Auto, преку кои корисниците можат да ги поврзат смартфоните и да уживаат нивните функции, 7-годишна претплата за услугите LIVE, 3D мапи и Lifetime MapcareTM. Покрај тоа, моделот нуди безжична индуктивен држач за полнење (стандард Qi) за мобилни телефони.

    Kona доаѓа со нови бензински мотори. Новоразвиен 1,6 T-GDI четири турбо бензински мотор со 177 КС и 265 Nm што забрзува до стотка за само 7,7 секунди, што доаѓа и со 4х4 погон и 7-степен автоматски менувач. Другиот мотор – 1.0-литарски T-GDI 3-цилиндерски бензински мотор со турбополнач со 120 КС и 175 Nm, се нуди исто со погон на предните тркала и шест-брзински мануелен менувач 6MT.

    Целосно новиот Kona е опремен со најновите функции за активна безбедност – меѓу нив се систем за автономно принудно запирање на возилото со функција за пешаци, систем за одржување и предупредување при напуштање на сообраќајната лента, систем за автоматско менување на долгото светло High Beam Assist, систем следење на вниманието на возачот и за предупредување за судир од мртвата зона, како и предупредување за судир со автомобили позади.

    Цената за базниот модел во Кореа Аутотрејд изнесува 20,546 евра.

    Поврзани вести

    Back to top button