Hyundai повторно со најмногу наградени автомобили во IIHS
Hyundai објави дека втора година по ред американскиот осигурителен институт IIHS (Insurance Institute for Highway Safety) ja одредил компанијата со најголем број на автомобили со врвните проценки за безбедност TOP SAFETY PICK + и TOP SAFETY PICK (TSP) во автомобилската индустрија
Новото признание доаѓа како резултат на добивањето на TPS на хибридната верзија на Ioniq, со што вкупниот број на наградите за автомобилскиот производител достигнува 10.
„Да добиеме повторно најголем број награди во индустријата е големо достигнување“, коментира Енди Фрилс, претседател на Hyundai America Technical Center. „Нашата комбинација на напредни сигурносни системи и конструкција на шасијата навистина нудат нешто што нашите корисници и новите клиенти навистина можат да ги ценат“.
„Hyundai и нивниот тим инженери продолжуваат да ги прават автомобилите уште посигурни со додавањето на системи за активна безбедност. Приоритетните на модерната безбедност и погодност се како главни за задоволството од управувањето“, вели Скот Маргасон, директор на единицата за планирање на производот на Hyundai Motor America.
Во моментов, освен Ioniq PHEV, награди имаат и Kona 2019, Elantra, Sonata и Sonata Hybrid, Santa Fe, Elantra GT, Ioniq Hybrid, Accent, Santa Fe XL и Tucson.