fbpx

Hyundai ja обнови i20

Hyundai ги објави првите детали за сериозно обновената верзија на хит моделот- i20, кој доаѓа не само со голем број на промени во дизајнот, туку со зголемено ниво на опрема и со акцент на уште повисоко рамниште на безбедност

Обновеното семејство Hyundai i20- верзија со пет врати и купе, се одликува со изменет дизајн на предниот (Cascading Grille) и задниот дел, воведување на седумстепена роботизирана менувачка кутија, систем за заштеда на гориво при движење во засилен сообраќај ISG (Idle Stop and Go), сет нови 15 и 16-инчни алуминиумски тркала, панорамски стаклен плафон, двобојната каросерија, нов 7-инчен Display Audio борд екран со функција за целосна синхронизација на мобилни телефони со Apple CarPlay и Android Auto и друго.

i20

Hyundai i20 доаѓа во две верзии на е1.0 литарскиот Kappa T-GDI двигател, со 100 и 120 коњски сили, а во зависност од верзијата и преференциите на потрошувачите, автомобилите можат да бидат опремени со менувач со пет и шест-брзински мануелен или седемстепена роботизирана менувачка кутија. Од компанијата се предвидени исто така и варијанти на i20 со 1.2 литарски Kappa мотор со 75 и 84 коњски сили.

Во зависност од нивото на опрема, обновениот i20 доаѓа и со голем број на високо технолошки системи за безбедност. Меѓу нив се издвојува системот за задржување на возилото во лентата на движење, автоматски систем за сопирање при движење со ниски брзини во градски услови, автоматски фарови, систем за предупредување при ненамерно преминување на траекторијата и други.

Поврзани вести

Back to top button