fbpx

Hyundai со визија за иднината на јавниот превоз

Корејскиoт двокатен автобус со целосно електричен погон и капацитет до 70 патници

Квалитетот на воздухот во повеќето светски градови е во постојано опаѓање, што претставува значително голем проблем во текот на изминатите години. Подемот на електрификацијата влијае позитивно кон решавање на ова прашање, а трансферот на овој тренд и кон јавниот транспорт ќе има дополнително позитивно влијание.

Конструирањето на електрични автобуси стануваат сè поизразено и поактуелно, а кон оваа мода сега се надоврзува и корејскиот бренд Hyundai, кој својата визија за иднината на јавниот превоз ја претстави преку новиот целосно електричен двокатен автобус.

Hyundai

Електричниот автобус ќе доаѓа со капацитет за превоз на 70 патници, 11 на долниот и 59 на горниот кат, благодарение на неговата големина од речиси 13 метри должина и 4 метри висина. Со цел полесно да се управува низ градските улици, Hyundai го опремил овој автобус со систем за активно управување и на задните тракала.

Батеријата доаѓа со капацитет од 384 kWh, кој овозможува електричен возен опсег од 300 километри, а целосно се полни за само 72 минути.
Што се однесува до безбедносните системи, двокатниот автобус располага со системи за динамичка контрола на возилото, асистенција за избеднување на судари и одржување на возилото во лента.

Поврзани вести

Back to top button