fbpx

Hyundai ќе понуди хибриден SUV со 8 седишта

Корејскиот производител Hyundai активно тестира нов кросовер со 8 седишта, кој ќе биде поставен над неодамна лансираниот нов Santa Fe во опсегот на компанијата

Прототипот на SUV изведбата беше снимен за време на зимските тестови и фотографиите беа објавени на интернет.

Santa FeИ покрај присуството на камуфлажа на машината, може да се видат некои основни детали. Предниот дел на SUV ќе изгледа како новиот Santa Fe, односно новината ќе ги добие истите тесни LED фарови, под кои ќе бидат распоредени магленките и дневните светла, како и истата решетка на ладилникот.

Прототипот има различни задни светла, очигледно целта е новиот SUV, сепак, да се разликува од Santa Fe. Димензиите се поголеми, а задните седишта се вертикални. Така се зголеми внатрешниот простор и има повеќе простор за патниците на третиот ред на седишта.

Се очекува новиот SUV на Hyundai да ја добие платформата на Kia Telluride, која исто така во моментов се тестира. Двата корејски SUV ќе ги добијат истите хибридни погонски единици. Не е јасно дали во случајот ќе имаме систем „мек” хибрид со 48-волтен генератор, или ќе има комплетна комбинација од мотор со внатрешно согорување и електромотор.

Santa Fe

Светската премиера на новиот SUV Hyundai е закажана за 2019 година, при што главниот пазар за овој модел е САД. Најверојатно ќе се продава и во Кина, а е малку веројатно дека ќе влезе во Европа. Не е јасно и под кое име ќе биде понудена SUV изведбата со 8 седишта. Сепак се знае, дека Hyundai работи и на хибридна верзија на новата генерација на Santa Fe, а целта на Корејците е во 2020 година палетата од електрифицирани автомобили да вклучува најмалку 15 модели.

Поврзани вести

Back to top button