fbpx

Hyundai вети холограмска навигација со зголемена реалност

Како резултат на стратешката инвестиција во компанијата WayRay AG, Hyundai Motor ги објави своите намери дека сака да развие холограмска навигација со зголемена реалност (AR, Augmented Reality) за своите автомобили и најави дека очекува иновативната технологија да биде воведена во сериските модели на марката во 2020 година.

„WayRay има искуство во однос на развој на хардвер и софтвер за холографски AR системи за слика“, вели Јонгчо Чи, извршен потпретседател на Hyundai Motor Group. „Соработката меѓу Hyundai и WayRay ќе ни помогне да утврдиме нов еко-систем кој користи AR технологија не само за навигацискиот систем, туку и за AR платформа за паметни градови и паметна мобилност, кои се меѓу новите бизнис интереси на Hyundai Motor Group, и кој ќе им понуди иновативно искуство на нашите клиенти“.

Холограмските решенија на WayRay создаваат реалност со додадени елементи во форма на виртуелни објекти и елементи кои се вклопуваат во ситуацијата на автомобилскиот ентериер.

Од компанијата коментираат дека во споредба со познатите head-up екрани, технологијата на WayRay бара помалку простор, нуди чиста слика, значително поголема површина за прикажување, вклучувајќи и по целата површина на ветробранското стакло.

Поврзани вести

Back to top button