Илон Маск покажа и електричен автобус
Основачот на Tesla Motors и Space X – Илон Маск, објави на Twitter видео со концептен електричен автобус
Основачот на Tesla Motors и Space X – Илон Маск, објави на Twitter видео со концептен електричен автобус. Оваа изведба ќе се движи низ тунелите од една кон друга милијардерска компанија.
„Претпоставувам дека ова возило може да се нарече подземен електричен автобус. Може да патува со брзина од 241 km/h, автоматски минувајќи помеѓу тунели и лифтови“, истакна Маск одговарајќи на прашањата на социјалната мрежа.
Бизнисменот посочи дека главниот приоритет во проектот на неговата The Boring Company ќе биде на пешаците, велосипедистите, а потоа и автомобилите. Тој веќе доби од властите одобрение да започне со копање тунели под Вашингтон.