Импресивниот Huracán Evo доаѓа во Женева
Погонуван од моќниот 640 коњски V10 мотор, новиот Lamborghini Huracán Evo Spyder претставува многу повеќе од бесен кабриолет
Опасен изглед, префинет дизајн и одлично изведена зелена нијанса. Да, тоа е новиот ѕвер со кој Lamborghini гордо ќе се претстави на овогодинешниот саем во Женева.
Овој супер автомобил доаѓа во Spyder кабрио изведба со платнен покрив, која има за задача да го понуди истото силно ревидирано подесување на шасијата и мешање на природно аспирираниот V10 мотор, но овој пат во телото со отворен кров.
Со трансформација на инертното ракување на Huracán, Lamborghini изведува нов супер автомобил кој е одличен конкурент на лидерите во класата, како Ferrari 488 Spider и McLaren 720S Spider. Ова е постигнато со многу софтверски и хардверски надоградувања, меѓу кои се вбројува и системот за управување на задните тркала усвоен од Aventador S.
Huracán Evo Sport
Како и кај купето Huracán, така и кај Spyder сите компоненти на динамичката шасија, како динамичниот систем за управување, адаптивните амортизери и останатите други системи за помош на возачот, сега се контролирани од централната ECU единица.
Шасијата на новиот Spyder е изработена од јаглеродни монококи влакна, што всушност претставува мал компромис во однос на крутоста како резултат на фиксираниот покрив кој се отстранува и зголемената тежина од неговиот механизам. Но ова и не е така страшно, со оглед на фактот дека тој тежи само 120 килограми повеќе од купе изведбата, односно има тежина од 1542 килограми.
Huracán Evo Sport
Да преидеме на највозбудливиот дел од овој автомобил, неговата погонската единица. Новиот Huracán Spyder го носи истиот брилијантен 5,2 литарски природно аспириран V10 мотор, кој испорачува моќност од инзвонредни 640 коњски сили, произведени токму на 6500 вртежи во минута. Моќноста се испраќа на сите четири тркала преку истиот седум-степен пренос со двојна спојка, кој му овозможува на овој Lamborghini да забрза до 100 за само 3,1 секунди.
Официјалната премиера на новиот Lamborghini Huracán Evo Spyder е закажана за саемот во Женева, а на пазарот се очекува да се појави оваа пролет.