Интересна колекција од 100 ретки возила собрани на една фарма (Видео)

На некои луѓе им е тешко да соберат збирка од стотици автомобилски модели- играчки, а што да кажеме пак за вистински автомобили. Сепак, еден американски земјоделец по име Бил Ебенкс успеа да го достигне незамисливото. Неговиот ранч е полн со повеќе екслузивни и ретки модели.

Приватната фарма со уникатните автомобили се наоѓа во еден од селските реони на државата Северна Каролина. Американската емисија The Barn Find Hunter наведува дека Ебенкс од рана возраст почнал со реставрацијата на автомобили и во последните децении собрал околу 100 ретки примероци. Фармерот ги купувал моделите, ги поправал ги и складирал, па чекал нивните цени да се зголемуваат, за да профитира.

Како резултат на тоа, тој се покажал како сопственик на навистина импресивна колекција која вклучува, на пример, неколку Chevrolet Corvette од 1963 година, Plymouth Superbird, Dodge Daytona, Lincoln Continental од 1940 година, De Tomaso Pantera од 1971 година и Jaguar XK 120. Во исто време, во секојдневниот живот Ебенкс се вози со црвен Toyota Prius, покрај разновидната гламурозна на модели во гаражата.

Поврзани вести

Back to top button
Close