Извонреден тест резултат за Continental SportContact 7
SportContact 7 пневматиците на Continental забележаа одлични резултати на тестирањата направени од страна на Sport Auto
Најновите високо перформансни пневматици на компанијата Continental, моделот SportContact 7 забележаа исклучителни резултати на најновите тестирања направени од страна на Auto Motor Und Sport, односно Sport Auto и нивниот (U)UHP Summer Tire Test. Според оценките, пневматиците добија оценка Извонредни, што за првпат се додели во тест за пневматици од страна на овој магазин.
Новите високо технолошки спортски пневматици успеаја да слават во конкуренција на три конкуренти од истиот сегмент од европски и азиски производители. Тестираните пневматици беа со димензии 235/35 R19, со тест возило Hyundai i30N. Continental SportContact 7 забележаа исклучителни резултати при сопирањата во влажни и суви временски услови. При сопирање со брзина од 80 километри на час, автомобилот опремен со SportContact 7 пневматиците успеа да запре на 27,5 метри во влажни услови, а на суво, при брзина од 100 километри на час, резултатот беше 33,5 метри. Кај спортското рангирање пневматиците имаа мошне балансирани и мали рестрикции, како и најдобра отпорност при тркалање.
По направените тестови, уредничкиот тим на Sport Auto заклучи: „Извонредно запирање и во влажни и во суви услови, на секојдневните патишта и температури на пневматиците. Continental покажува дека спортските карактеристики и одржливоста се се уште компатибилни благодарение на ниската потрошувачка на гориво. Објективно и рационално, ова е доволно за победа на тестот“.
Пневматиците Continental SportContact 7 можете да ги најдете во салоните на Мотоцентар кој е единствен и официјален увозник за Македонија.