НАСЛОВНАТЕХНОЛОГИЈА

Jaguar Land Rover со напредна технологија за своите класични модели

Единицата за класични автомобили на Jaguar Land Rover- Jaguar Land Rover Classic, соопшти за интересен нов производ, кој е во состојба да понуди напредни технолошки решенија за класичните претставници на двете легендарни марки

Новата палета Classic Infotainment Systems нуди напредна аудио-навигација и мултимедијален систем кој се вклопува одлично со класичниот дизајн на внатрешноста на возилото. За сега достапни се вкупно пет различни варијации- две за Jaguar и три за Land Rover.

Со чувствителен екран на допир со големина од 3.5 инчи, Classic Infotainment Systems нуди DAB, FM и AM радио, сателитска навигација со говорни команди на 32 јазици и Bluetooth конекција за мобилни телефони.

Дополнителните модули на Jaguar Land Rover Classic, кои се веќе достапни за купување, доаѓаат исто така со интерфејс на шест јазици, функционалност за синхронизирање на телефонски именик и вграден микрофон.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close